More

    Тајван набави 400 ракети „харпун“ од САД

    spot_img

    САД ќе му обезбедат на Тајван 400 мобилни противбродски ракети „харпун“ – кои се лансираат од копно – во вредност од 1,17 милијарди долари, за да може да одврати потенцијална кинеска инвазија од море, пренесува „Блумберг“ цитирајќи го претседателот на Американско-тајванскиот деловен совет Руперт Хемонд-Чејмберс и други познавачи на ситуацијата.

    На 7 април, американската морнарица му додели на „Боинг“ договор за снабдување со 400 ракети „харпун“ и соодветна опрема за поддршка за неименуван примач со речиси 630 милиони долари резервирани за воена продажба во странство.

    Со договорот ќе се комплетира продажбата „тешка“ 2,37 милијарди долари на 100 системи за крајбрежна одбрана „харпун“ (HCDS), 400 проектили „харпун блок 2“ и 25 радарски камиони кој беше одобрен од американскиот Стејт департмент во октомври 2020 година.

    На американското Министерство за одбрана му беа потребни речиси две и пол години да додели договор за производство и испорака на ракетите „харпун“ за Тајван, а вкупниот износ на заостанатото оружје за Тајван е речиси 19 милијарди долари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img