More

    Ќерката на починатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, Јована Балашевиќ го пријавила својот невенчан сопруг за семејно насилство

    spot_img

    Ќерката на починатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, Јована Балашевиќ (42), го пријавила својот невенчан сопруг Александар Јовановиќ за семејно насилство, пренесуваат српските медиуми.

    Како што пишува „Телеграф“, до вербалниот конфликт меѓу Јована Балашевиќ и нејзиниот невенчан сопруг дошло кога Јована пристигнала во станот во кој живееле заедно за да ги собере своите работи за да се исели. Во таа прилика, како што рекла Јована, Александар ѝ упатил низа навреди, па ја заклучил во станот и наводно ѝ рекол да повика полиција. Јована се јавила кај мајка си, која повикала полиција, по што Александар ја пуштил да излезе од станот, пишуваат српските медиуми.

    Јована тогаш наводно во полиција изјавила дека со години трпела психичко насилство од нејзиниот невенчан сопруг.

    Освен тоа, Јована, пишува „Информер“, се пожалила во полиција дека Александар ѝ рекол дека е „луда“, дека треба да се лекува и да пие лекови. По пријавувањето на наводното насилство, на Јовановиќ му е изречена итна мерка забрана за приоѓање, а обвинителството против него поднесе кривична пријава во редовна постапка за семејно насилство.

    Јована Балашевиќ за „Блиц“ потврди дека се точни информациите дека го пријавила сопругот.

    „Не би кажала ништо на таа тема, поради децата и семејството. Точно е дека го пријавив сопругот, постапката е во тек. Тоа е се што можам да кажам засега, разберете ме“, кратко изјавила Јована.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img