More

    Експертите откриваат колку долго треба да трае попладневната дремка

    spot_img

    Верувале или не, постои правилен и погрешен начин на дремка, особено ако се обидувате да избегнете нарушен распоред за спиење.

    Повеќето возрасни дремат во просек околу еден час, според истражувањето спроведено од SleepFoundation.org. Тоа е премногу долго, вели Шелби Харис, лиценциран клинички психолог, специјализиран за бихејвиорална медицина за спиење.

    „Ако дремете еден час, ќе се разбудите уште погрозени бидејќи влегувате во подлабоки фази на спиење“, изјави таа за CNBC.

    Ако сакате да имате повеќе енергија после дремката, најдобро е да дремете од 20 минути до половина час.

    „Откако ќе легнете, поставете аларм да ве разбуди за 30 минути. Ова ќе ви даде 10 минути да заспиете и 20 минути да дремнете“, советува таа.

    Според Index.hr важно е и времето од денот.

    „Демката треба да се планира најмалку осум до девет часа пред спиење навечер. За повеќето тоа значи дека ќе дремат околу 14 часа“, додава тој.

    Кратката дремка, особено попладне, може да биде корисна бидејќи го зголемува нивото на енергија, го подобрува расположението и ја зголемува продуктивноста и концентрацијата.

    Имајте на ум дека дремењето не треба да се користи како замена за ноќниот сон.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img