По повод Светскиот ден на културното наследство – 18 Април ќе биде бесплатен влезот во сите музеи и археолошки локалитети низ земјава, објави на фејсбук министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска.
„Македонската култура и уметност – богатство кое вреди да се погледне, почувствува и чува.
По повод Светскиот ден на културното наследство БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ во сите музеи и локалитети низ државата. Дојдете, посетете и истражете на 18. април.” – напиша Костадиновска – Стојчевска.