Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе ја предводи државната и црковна делегација од Република Северна Македонија на церемонијата на преземање на Благодатниот оган од Базиликата на Светиот Гроб во стариот град на Ерусалим, во Израел.
Во состав на делегацијата се и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, директорот на Државната комисија за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, како и шефот на делегацијата на Македонската православна црква – Митрополит тетовски-гостиварски, Јосиф Тодоровски.
Свечената церемонија на пристигнување на државната и црковната делегација и предавање на Благодатниот оган на аеродромот во Скопје, е предвидена утревечер, во 20.00 часот, со директен пренос на МРТВ.