Полицијата во Манчестер го обвини Мухамед Џамал (37) откако жител на Родејл го снимил него и една жена на задното седиште во таксито на Мухамед.
На видеото кое се прошири на социјалните мрежи се гледа возачот на „Uber“ со спуштени панталони, кој по доаѓањето на случајниот минувач во паника ги облекол и си заминал, пишува „Daily Mail“.
Таксистот се соочил со жител на Рогдејл кој го видел надвор од куќата околу 21 часот во неделата на Велигден. Веднаш ја вклучил камерата и ја снимил сцената каде тропа на прозорецот, по што возачот и ја крева тренерката, а жената која била на задното седиште се обидувала да го покрие лицето.
Снимајќи го возачот, тој му рекол:
„Брате, што правиш? Во месец Рамазан правиш вакви работи? Ова е одвратно. Моите деца се тука“, рекол човекот.
Снимајќи ја ознаката „Uber“ на возилото „Toyota Auris“, тој вели:
„Какво такси сте вие? Ти гнасен еден“.
Возачот на „Uber“ на тоа постојано вели:
„Жал ми е. Реков дека ми е жал. Брат, извини“.
Полека излегол од автомобилот и се вратил на возачкото седиште пред да побегне.
Портпаролот на полицијата на Манчестер изјави дека „еден човек е обвинет поради видео кое стана вирално“.
– Мухамед Џамал беше ослободен со кауција пред неговото појавување на судот за прекршоци на 4 мај. Обвинението се однесува на инцидент со возрасна жена во такси на улицата Темза во неделата – рече портпаролот.
По објавувањето на видеото, „Uber“ му забрани на возачот дополнително да превезува патници.
Портпаролот на „Uber“ изјави дека се згрозени од ситуацијата и дека соработуваат со полицијата.
„Згрозени сме од прикажаното на видеото и преземаме акција“, велат од компанијата.