На 12.04.2023 во 21.00 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода А.А.(53) од Куманово. При преглед кај него, на улицата „Циглана Вардар“ во Куманово, бил пронајден кокаин, додека при претрес во неговиот дом, извршен подоцна со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин и дигитална вага. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.04.2023 во 15.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.Р.(27) од Куманово. Тој се сомничи дека во текот на денот од приватен имот на улицата „Народна револуција“ одзел повеќе предмети. Р.Р. бил приведен во полициска станица и во службен разговор го признал делото. Предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 12.04.2023 во 09.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Р.(27) од Куманово. Тој се сомничи дека во текот на април 2023 од дворни места на приватни имоти одзел повеќе предмети. С.Р. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Денеска (13.04.2023) во 04.50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.Љ.(44) од село Черкези, кумановско. Тој бил баран по потерница, врз основа на судска наредба, за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 235 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.
На 12.04.2023 во 23.15 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода Е.А.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 12.04.2023 во 23.40 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.А.(43) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 13.04.2023 во 00.20 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Г.(34) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 13.04.2023 во 01.10 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.П.(32) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 12.04.2023 во 22.10 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.С.(34) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 12.04.2023 околу 23.00 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.С.(19) и В.Ш.(21), двајцата од велешко Јаболчиште, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
На 11.04.2023 на ул.„Јадранска магистрала“, полициски службеници од Одделот за прекуграничен криминал при Регионалниот центар за гранични работи Север извршиле контрола на патничко комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице – превозно претпријатие, а управувано од Д.В.(25) од Скопје. При контролата било констатирано дека со возилото се врши јавен превоз на патници без соодветна документација. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во текот на вчерашниот ден (12.04.2023), во периодот од 11.00 до 17.00 часот, од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава, при што изречени се 297 санкции за сообраќајни прекршоци. При контролата, санкционирани се 25 возачи за возење без возачка дозвола, а четири возила биле со неисправен уред за сопирање… На вонреден технички преглед биле упатени 44 возила, а кај 13 биле констатирани технички неисправности.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (12.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 201 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 88 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за непрописно престројување на возила. Изречени се три мерки за возење под дејство на алкохол, три санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила…
На 12.04.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 16 прекршоци, од кои 11 во населено место и 5 надвор од населено место. Санкционирани биле и 14 други видови на прекршоци, од кои 3 за управување возило без возачка дозвола, 2 за возач почетник, 2 за нерегистрирано возило, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 2 за некористење сигурносен појас и 4 за непрописно паркирање.
На 13.04.2023 во 01.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Џон Кенеди“, ул.„Македонско косовска бригада“ и ул.„Славеј планина“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од А.Х.(21) од Скопје и мопед „баотиан“, управувано од Ш.М.(47) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 12.04.2023 во 17.55 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Сремски фронт“ во Штип, патничко возило „фолксваген туран“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од А.С.(41) од Свети Николе, удрило во малолетен пешак од Штип. Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
На 12.04.2023 во 18.10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на раскрсница од ул.„18 Ноември“ со ул.„Београдска“ во Гостивар, товарно возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Х.(25) од Косово, со живеалиште во Гостивар, удрил во малолетен пешак од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница во Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.
На 12.04.2023 во 12.10 часот во Полициската станица Гази Баба, В.Ч.(59) од Скопје пријавила дека на ул.„Лазар Поп Трајков“ била касната од куче скитник.