Претходната ноќ, одбојкарката Јулија Итума го загуби животот во Истанбул кога паднала низ прозорецот на хотелската соба.
Одбојкарската екипа на Новара требаше да игра против турската екипа Eczacıbaşı VitrA.
Несреќната девојка имала само 18 години, родена е во Милано и е ќерка на мигранти од Нигерија.
Со младинската селекција на Италија стана шампион на Европа. Беше исклучително талентирана и и предвидуваа одлична кариера, имаше моќни удари и беше висока 192 сантиметри.