Фудбалерот Низар Аисауи се самозапали пред полициска станица во Тунис.Пред да се самозапали, Низар Аисауи објави видео на Фејсбук во кое ја објаснува својата одлука. Имено, тој во полициска станица поднел пријава против дилер на банани со кој влегол во вербална пресметка за цената на овошјето, која изнесувала три евра за еден килограм. Целиот чин го пренесе на Фејсбук. Поради ова тој бил обвинет за тероризам, кој го сметал за неправеден, па се самозапалил пред полициска станица.
Според агенцијата АНСА, фудбалерот бил префрлен во болница, а потоа во центарот за изгореници Бен Арус. Според информациите тој моментално е жив, но со изгореници од трет степен.
Аисауи е роден во 1987 година, а во кариерата играше само за клубови од својата татковина – Унион Спортиф де Монастир, Ел Гауфел, Џеридет и Леспоар Спортиф Хафуз.