Вечерва, во рамки на фестивалот „Танц Фест 2023“, со почеток во 20:00 часот во Македонскиот народен театар ќе се изведе претставата „Забрзување и Вознесувања“ на Далас Блек танцовата компанија од САД.
Публиката ќе има можност да проследи 5 извонредни кореографии: „Распарчување“ на Грегори Долбашиан, „Танц на срцето“ на Mи’Кал Стромил и „Како вода“, „Патот до еден“ и „Погубување на чувството“ на Дарел Гранд Мултри во изведба на 12 спектакуларни танчари на компанијата.
„Dallas Black Dance Theatre“ е основан во 1976 година од Ен Вилијамс, со цел да создаде и произведе современ танц на највисоко уметничко ниво, преку претстави и едукативни програми кои ги премостуваат културите и допираат до различни заедници.
Во рамки на вечерта ќе биде изведена кратката кореографија „Предност“ која е производ на работилниците кои се одржаа во соработка на ДБДТ и Скопје танцовиот театар.
Работилниците под наслов „Dance communication“ ги одржа Сиера Ноел Џонс (ДБДТ) и асистентите од Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“ Стефанија Милевска Враниќ и Емилија Достинова. Во работилниците учествуваат ученици од Музичко – балетскиот училишен центар „Илија Николовски – Луј“ во класа на професорките Елена Антонова Петровиќ и Александра Кочовска Начева.