More

    Упорниот тип го чекаше Меси 10 часа надвор од дома, а Антонела го покани внатре

    spot_img

    Упорниот тип го чекаше Меси 10 часа надвор од дома, а Антонела го покани внатре
    Аргентинскиот футсал играч Хуан Полкан е награден за упорноста додека патува низ Европа.

    За време на гостувањето во Париз, голем фан на Лионел Меси реши да се обиде да го види идолот на аргентинските навивачи кои есента ја прославуваа титулата светски првак.

    Полкан дури чекаше 10 часа за да го види Меси.

    „Стигнав таму во осум часот наутро во Париз и ми требаа 45 минути да ја најдам куќата на Меси. Отидов да го чекам во девет часот кога видов дека отишол на тренинг. Кога се врати околу 13 часот, не можев да се доближам до него, но бев сигурен дека ме виде. Околу 15 часот и 30 минути Антонела излезе, го спушти прозорецот од автомобилот, разговараше со нас и рече дека ќе ги земе децата на училиште. Три часа подоцна таа се појави, но не ми даде шанса да се запознаам“, пишува во својата објава Аргентинецот кој се прослави на Инстаграм.

    Кога тој требаше да се откаже, а обезбедувањето на познатиот фудбалер помислило да контактира со полиција, повторно се појавила Антонела и го повикала да влезе во куќата.

    „Тоа беше неверојатен момент. Му кажав на Меси дека го сакам, направивме неколку фотографии. Ми стави потпис на дресот на клубот за кој играм, ме прегрна и ми стави потпис на раката“, изјави Полкан, кој потписот на Меси ќе го претвори во тетоважа.

    Им се заблагодари на Меси и Антонела
    „Соништата се остваруваат, а јас го исполнив мојот најголем. Скромноста со која ме прими, едноставноста. Вие сте најдобри во историјата на фудбалот, но пред се сте неверојатна личност. Како и Антонела, која направи се за да ме пречека во својот дом, да ми го исполни сонот. Ова го пишувам со солзи во очите, уште се тресам. Те сакам Лео, ти благодарам за овој незаборавен момент“, напиша малолетниот фудбалер и на крајот откри:

    „Првото нешто што го видов беше Меси како стои пред мене во шорцеви и влечки. Мојата цел не е да станам вирална на Интернет. Сакам светот да открие колку е едноставен и скромен“.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img