Холивудската легенда Брус Вилис на 19 март го прослави својот 67 роденден. Сознанието дека славниот актер боледува од рана форма на деменција неодамна го шокираше и загрижи светот, но – тој не очајува.
Вилис работи со полна пареа, а ја има најважната поддршка, прекрасно и големо семејство, кое се труди да му го разубави светот и секој ден.
Покрај Ема Хеминг, со која е во брак од 2009 година и нивните деца Мејбел и Евелин, тука е и поранешната сопруга. Слободно можеме да кажеме и најдобра пријателка – актерката Деми Мур, со која во бракот доби три ќерки Румер, Талула и Скаут.
Тие заедно слават Нова година, родендени, „Денот на благодарноста“, секој Божиќ. А, во оваа прилика Деми подготвила нешто посебно за својот поранешен сопруг.
По повод 67-от роденден на Брус, Деми споделила нивна заедничка фотографија и испратила прекрасна порака.
„Среќен роденден, Брус! Благодарна сум на ова наше „мешано“ семејство“, напиша Деми на Инстаграм и остави „срце“ покрај фотографијата од кујната.
ФОТО: Инстаграм