Ревизорите откриваат финансиска каша-попара во МЕПСО

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Директорите и членовите на Управниот одбор на МЕПСО имале менаџерски договори со кои било предвидено да земат отпремнина во висина од 12 месечни плати по заминување од функцијата, без разлика дали ја извршувале еден ден, еден месец или повеќе години, открива последниот извештај на Државниот ревизорски завод за работењето на МЕПСО.

Истовремено, постојат судски постапки кои се воделе од поранешни функционери во енергетската компанија. Двајца членови на Управниот одбор ја тужеле МЕПСО во 2021 година и како отштета добиле 2.300.000 денари односно околу 37 илјади евра. Исто така и во 2021 и 2022 година во тек е судска постапка од поранешен Генерален директор и претседател на УО по истиот основ, за главен долг во износ од 960 илјади денари.

Директори на МЕПСО во периодот за кој била извршена ревизијата биле Куштрим Рамадани, генерален директор и претседател на Управен одбор од 28.12.2020 година до 27.12.2021 година и Орхан Муртезани, генерален директор и претседател на Управен одбор од 28.12.2021 година.

Ревизорите сметаат дека треба да се преиспитааат ваквите постапки во државните компании кои работат за јавниот интерес, а потпишуваат менаџерски договори со права кои произлегуваат од договори за работни односи само кога се оди во пензија.

Ревизорите уште утврдиле дека финансиските извештаи на МЕПСО не се реални и објективни. Во екот на енергетската криза МЕПСО направило повеќе недоследности и пропусти во равботењето што предизвикало милионски загуби и пенали за државата, се констатира во извештајот.

Според ревизорите, МЕПСО му исплатил 9 милиони евра на ТЕЦ Неготино за да биде подготвен за производство. Парите биле исплатени, но кога централата требала да произведува струја, конкретно среде најголемата енергетската криза, тоа не се случило.

Ревизорот критикува и дека Македонија платила пенали од 25 милиони евра поради неисполнетата обврска за домашно производство за потребите на трговците, која се надоместуваше со скап увоз од европската енергетска мрежа.

Исто така, ревизијата констатира дека МЕПСО не ја исполнил обврската за регистрација на целокупмниот имот со кој располага. Има разлики помеѓу сметководствената состојба, фактичката состојба и имотните листови за трафостаници кои требало да бидат во заедничка сопственост на МЕПСО и ЕВН. Но, на имотните листови за две трафостаници било впишано дека единствен сопственик бил само ЕВН, која истите ги искористила за да добие хипотека вредна 77 милиони евра што според ревизорот подоцна влијаело и врз цената за пренос на струја.

Share This Article