More

    Украина и Русија разменија воени заробеници

    spot_img

    Украина и Русија објавија дека извршиле нова размена на воени заробеници – прва по повеќе од еден месец – и беа разменети повеќе од 100 војници од двете страни.Руското Министерство за одбрана извести за репатријација на 106 руски војници кои, како што беше соопштено, биле „во животна опасност“ за време на притворот, а кои ќе бидат префрлени во Москва на лекување и психолошка помош.

    Шефот на администрацијата на украинскиот претседател Андриј Јермак најави враќање на 100 војници во Украина.

    „Враќаме 100 наши луѓе – тоа се војници, морнари, граничари и членови на Националната гарда“, рече Јермак на социјалната мрежа Телеграм и додаде:

    „Некои се тешко повредени и болни. Ќе направиме се што е потребно сите да ја добијат потребната помош“.

    Последната размена на затвореници меѓу Киев и Москва датира од 7 март, кога Украина врати 130 свои војници, а Русија 90.

    Во декември 2022 година, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека во размената на затвореници од почетокот на војната, повеќе од 1.300 украински војници биле вратени во Киев.

    Оттогаш имало уште неколку размени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img