More

    Мицевски најави поднесување на суштински амандмани

    spot_img

    Во јавноста алармот е вклучен на најјако. Граѓаните, експертите, невладините, медиумите, реагираат гласно и реагираат со право. И се додека во овој, во суштина теоретски добар инфраструктурен проект е обременет со сомнежи и координатори на проектот од типот на Артан Груби, се додека се бира надзор на сомнителен и матен начин, се додека се доставуваат закони во Собрание во петок за понеделник, се додека пратениците се потпишуваат на овие законски решенија за процедурата, а не Владата која што бега и која што на чуден начин се потргнува одговорноста ќе провејува фактот дека сомнежите со желба за корумпирање, криминал и матни зделки ќе бидат дел од овој проект“, истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Никола Мицевски на денешната собраниска седница.

    Мицевски апелираше пратениците да не наседнуваат.

    – Не е потпишана Владата. Ако веќе проектот е и е најголем проект кој што треба да се изведува во нашата држава, тука требаше да седат министри од Владата и да преземат одговорност, а не да се кријат зад мнозинството кое што го има во ова Собрание – рече координаторот на ВМРО-ДПМНЕ.

    – И да, сакам оваа држава да се развива побрзо, сакаме да успее овој проект, ама сакаме да успее на јавен, транспарентен начин. А, не законите да се пуштаат од петок, а во понеделник да се закажува седница – нагласи Мицевски.

    – Да, си дојде министер за култура, министер за земјоделие, министер за транспорт, министер за финансии, и да застане зад експропријациите, зад шумите, зад културното наследство, и да го брани тоа што го прави – порача Мицевски.

    Тој нагласи дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да даде поддршка и затоа ќе ја напушти седницата и ќе имаат суштински амандмани по кои што ќе се дебатира и за кои што ќе бара слух од јавноста.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img