More

    Претседателот сака да ги види конечните верзии на законите за да заземе став

    spot_img

    Кога ќе ја видиме конечната верзија на сетот закони за автопатските делници ќе можеме да знаеме за секој од нив каков ќе биде ставот во однос на потпишување на указот, изјави денеска претседателот на државата Стево Пендаровски одговарајќи на прашање дали ќе го потпише указот доколку помине законот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и Коридор 10 Д.

    Пендаровски истакна дека не може од сега да се знае во каква конечна верзија ќе бидат тие законски решенија, затоа што, како што посочи, можат да бидат изменети со амандмани.

    -Да ја почекаме дебатата, да ја видиме конечната содржина на тие закони. Мојот тим правници и во Кабинетот и надвор од него се веќе ангажирани во следење на дебатата и на тоа што ќе излезе како конечен продукт. Во однос на процедурата мислам дека иако одат по скратена постапка, не се со европско знаменце и ќе има доволно време и за опозицијата да поднесе амандмани, да се вклучи во дебатата и да имаме аргументирана расправа како што доликува за овој важен сет закони – рече Пендаровски.

    Во однос на реакциите на експерти и граѓански организации, Пендаровски посочи дека тие реагираат во оваа фаза, а станува збор за предлози на закони.

    – Реагираат во оваа фаза, но станува збор за предлози на закони, влегуваат во Собранието и опозицијата и власта може да предложат амандмани. Важно е претседателот ја гледа конечната верзија на законот и само од тоа зависи. Ако ги повредуваат правата на граѓаните ако завлегуваат во правата на трети лица итн. се разбира дека дел, или барем дел од тие закони нема да поминат, но да ги видиме во конечна верзија – нагласи Пендаровски.

    Измените и дополнувањата на девет закони поврзани со автопатските делници што треба да ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ се на дневен ред на денешната 112-та собраниска седница. Сите закони се по скратена постапка, а предлагачи се група пратеници од владејачкото мнозинство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img