More

    Далај Лама се извини откако на видео кое се појави на интернет тој прашува момче дали сака да му го цица јазикот на тибетскиот духовен водач

    spot_img

    Далај Лама се извини откако на видео кое се појави на интернет тој прашува момче дали сака да му го цица јазикот на тибетскиот духовен водач. Неговата канцеларија соопшти дека сака да им се извини на детето и на неговото семејство „за повредата што може да ја предизвикаат неговите зборови“, пишува Би-Би-Си.

    На видеото се гледа и како Далај Лама го бакнува детето на усните.

     

     

    „Неговата Светост често ги задева луѓето што ги среќава на невин и разигран начин, дури и јавно и пред камерите. Тој жали за инцидентот“, соопшти неговата канцеларија .

    Снимката предизвика широки критики. Не е јасно кога и каде се случил инцидентот.

    Според изјавата, момчето го прашало Далај Лама дали може да го прегрне.

    Во Тибет, вадењето на јазикот може да значи и поздрав.

    Далај Лама живее во егзил во Индија откако избега од Тибет во 1959 година, по бунтот против кинеската власт таму.

    Во 2019 година, канцеларијата на Далај Лама се извини откако духовниот водач во интервју за Би-Би-Си изјави дека секој иден „женски Далај Лама“ треба да биде „згоден/на“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img