Две торнада во понеделникот повторно погодија делови од Нов Зеланд, предизвикувајќи материјална штета, јавува Анадолија.
Едно торнадо помина низ областа Тасман во близина на Нелсон Сити на северот од Јужниот Остров каде оштети близу 50 згради, објави Радио Нов Зеланд.
Второто торнадо го погоди Нов Зеланд 16 часа подоцна, оштетувајќи згради во близина на Источен Окленд.
Метеоролошката служба на земјата забележа екстремни ветрови во Источен Окленд. Откорнати се дрвја, а оштетена е најмалку 51 зграда.
Според информациите, нема повредени, а десетина куќи биле означени со жолта ознака поради штетата.
Торнадото откорна покриви од куќи и корнеше дрвја кои паѓаа врз автомобилите и ја исклучија струјата.
Директорот на противпожарната служба и службата за итни случаи, Блер Волкин, рече дека спасувачите работат на поправка на штетите кои се движеле од разнесени аларми до уништени покриви и поплави.