Недостигаат 4.000 медицински сестри и 2.000 лекари

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На Хрватска и недостигаат околу шест илјади здравствени работници,  потпчно повеќе од четири илјади сестри и две илјади лекари, пишува денешен „Вечерњи лист“.

Недостигот медицински сестри е се посериозен проблем насекаде, дури и во болниците каде нема толку голем недостиг на лекари. И додека состојбата со лекарите некаде се подобрува,  се уште е критично во примарното здравство каде недостигаат повеќе од 400 главно матични лекари, како и седумдесеттина педијатри и гинеколози.

– Пред три години недостасуваа околу четири илјади медицински сестри. Во моментов собираме податоци за нова анализа, а според сите извештаи, ситуацијата сега е полоша – изјави Марио Газиќ, претседател на Хрватската комора на медицински сестри.

Медицински сестри едноставно нема, а работници од таа струка се дефицитарни и во ЕУ. Во Заводот за вработување на Хрватска имало 280 медицински сестри од кои дел биле вработени, дел не оттаму што решиле да се занимаваат со нешто друго или се дошколуваат.

– Најпроблематично е во далматинските окрузи каде медицинските сестри со средно образование повеже сакаат да се занимаваат со туризам отколку да работаат за шест илјади куни месечно – додава Газиќ.

Share This Article