Рускиот трговец со оружје, Виктор Бут, кој неодамна американските власти го разменија за американската кошаркарка Бритни Грајнер, го покани поранешниот американски претседател Доналд Трамп да дојде во Русија и од таму да започне антиглобалистички бунт, пренесуваат руските медиуми.
Бут, сега член на Либерално-демократската партија на Русија, денеска му испрати на Трамп телеграма од зградата на Централниот телеграф за тоа како да преживее во американски затвор. Тој рече дека „знае што зборува“, бидејќи поминал речиси 15 години во затвор во САД.
– Денеска му испратив телеграма на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп. Верувам дека неговиот живот е во опасност. Започнатото судење нема да заврши само така. Најверојатно, тој едноставно ќе биде уништен. Сакам да го поканам во Русија, каде што може да биде на безбедно и да води антиглобалистичко востание – изјави Бут на новинарите по испраќањето на телеграмата.