Макроата и трговците со луѓе во Германија ја користат војната во Украина и врбуваат украински бегалки за проституција, па министерката за внатрешни работи Ненси Фезер најави остри мерки против криминалците и зголемена заштита на жените во опасност.
Во Германија досега пристигнале околу 200.000 бегалци од Украина, главно жени и деца. Макроата или трговците со луѓе ги намамуваат претежно помладите жени на станици и пред канцелариите на странците нудејќи им бесплатно сместување и пари.
– Овие напади се за најостра осуда – изјави Фезер во неделата за „Bild am Sonntag“.
Таа најави зголемено присуство на униформирани и цивилни полицајци на контролните пунктови каде пристигнуваат бегалците како што се железничките и автобуските станици.
– Секој што ќе се обиде да ја искористи маката на бегалците мора да биде свесен дека ќе одговориме на сите законски мерки што ни се на располагање – рече Фезер.