Американскиот рапер Пи Диди мора да му плаќа на британскиот музичар Стинг 5.000 долари дневно затоа што користел примерок на една од неговите песни без дозвола.
Раперот и продуцент се огласи на Твитер во средата и открил дека плаќа по 5.000 долари дневно како хонорар за „семплување“ на легендарниот сингл од 1983 година, „Every Breath You Take“ на неговата песна од 1997 година, „I’ll be Missing You“.
Хип-хоп могулот споделил исечок од интервјуто на Стинг од 2018 година за „The Breakfast Club“, каде го прашале дали е точно дека добива по 2.000 долари дневно од Диди поради неовластено користење на рефренот од песната, а тој потврдил.
Меѓутоа, Диди во новата објава објаснил дека сумата всушност изнесува многу повеќе.
„Не, 5.000 долари дневно. Љубов за мојот брат Стинг“, напишал тој на Твитер.
Во текот на првичното интервју, Стинг рекол дека Диди побарал дозвола дури откако песната била објавена, но додал: „Сега сме многу добри пријатели“.
Стинг ги потврдил гласините дека Пи Диди ќе мора да му плаќа до крајот на животот, но исто така ја пофалил песната.