Поранешниот на Моника Белучи се разведува од 30 години помладата манекенка

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Францускиот актер Винсен Касел нагло ги избришал сите фотографии од својата сопруга, манекенката Тина Кунаки, од својот Инстаграм – среде жестоките шпекулации дека парот се разведува по 5 години брак.

Овој 56-годишен актер кој е најпознат по улогите во „Океан 12“ и „Црниот лебед“, стапи во брак со Тина (26) во 2018 година, а во април 2019 година ја добија ќерката Амазони.

Меѓутоа, извор за британскиот „Дејли мејл“ изјавил дека парот се разведува, велејќи: „Се разделија пред неколку недели. На Тина ѝ е скршено срцето“.

Омилените фотографии од парот кои претходно го преплавуваа профилот на Касел, исчезнаа без трага. Тој ништо не објавил ниту пред два дена, по повод роденденот на Кунаки, а манекенката ги објавила останатите убави желби од своите пријатели на својот Инстаграм.

 

Дури ни убавата манекенка со недели не споделила ниту една фотографија со Винсан, што наведе неколку нејзини следбеници да се запрашаат: „Каде е твојот сопруг?“.

Ниту Тина ниту Винсан не се осврнаа јавно на шпекулациите помеѓу нивните следбеници за статусот на нивниот брак – меѓутоа, и двајцата продолжија да споделуваат редовни информации за работата на своите профили во последните неколку недели.

И додека не објави ништо за роденденот на својата сопруга, актерот помеѓу другото ѝ оддаде почит на својата 18-годишна ќерка Дева која ја има со својата прва сопруга, италијанската актерка Моника Белучи.

- Advertisement -
Ad image

Винсан и Моника се венчаа во 1999 година, откако се запознаа на снимањето на филмот од 1996 година, „Апартман“, и заедно имаат две деца. Во брак беа сè до 2013 година, после што беше објавено дека Винсен е во врска со Тина Кунаки.

ФОТО: Инстаграм

Share This Article