Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Аргентинецот Лионел Меси, пред неколку дена доби понуда од Ал Хилал од Саудиска Арабија вредна 400 милиони евра годишно!
Сепак, според медиумите од неговата татковина, Лео ја одбил понудата и решил да остане во Европа. За неговиот потпис како најблизок клуб се споменува Барселона.
Ал-Хилал од Саудиска Арабија му понудил договор од 400 милиони евра по сезона за да потпише за клубот, но аргентинскиот „ТиЦ Спортс“ пренесува дека Меси им се заблагодарил на челниците на Ал-Хилал за понудата.
Доколку ја прифати понудата од Ал-Хилал, платата што би ја имал аргентинскиот волшебник е нешто невидено во светот на професионалниот спорт.
Бројките се нереални. Многу говори податокот дека 35-годишниот Аргентинец би заработувал 13 евра во секунда, 771 евро за минута, 46.000 евра на час, 1,1 милиони евра дневно и 33,33 милиони евра месечно…
Меси имаше договор од 38 милиони евра во изминатите 2 сезони во ПСЖ.