Добро си, изгледаш уморно, го праша Александар Лукашенко на својот колега Владимир Путин при нивната денешна средба во Москва. Путин ги крена рамениците. Потоа следеше „машката прегратка“, пишува ДејлиМејл.
– Ви велам уморен, претседателе – повтори Лукашенко.
Белорусинот потоа ја прекоруваше придружбата на Путин и тврдеше дека тие не се грижат за неговиот колега.
– Во ред е, мора малку да работам – одговори Путин обидувајќи се да ја смири топката.
Двajцата лидери ќе разговараат за планот на повикот на Лукашенко за итен прекин на огнот во Украина, потврди минатата недела портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Неодамна Лукашенко изјави дека ќе ризикува да предложи прекин на огнот, а првичната реакција на Кремљ беше дека „воената операција продолжува“.
Меѓу другото, Путин минатиот месец рече дека Русија ќе се обиде да распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија и дека за тоа има зелено светло од Лукашенко. Според путин изградбата на складиштата за тактичкото оружје треба да биде зазвршена до јули.
Според руската државна телевизија Путин му рекол на Лукашенко дека „ќе разговараме за сето ова утре – ова се однесува на нашата соработка на меѓународната сцена и заедничкото решавање на прашањата за обезбедување на безбедноста на нашите држави“.
Меѓународно истражување на повеќе новинари покажа дека Русија спрема документ во кој формално ја припои Белорусија до 2030 година, преку инсталирање свои учебници, медиуми, портали, свои универзитети, културни центри и други типови институции.
Во моментот Русија и Белорусија формално се дел од т.н. Унија. Руското население пред војната беше околу 140 милиони во споредба со само 9 милиони за Белорусија.