Жената која е осомничена за убиството на рускиот воен блогер Владлен Татарски, Дарја Трепова, е уапсена во понеделник наутро, а набрзо руските власти објавија видео од нејзиното сослушување. Според Си-Ен-Ен, во меѓувреме се огласил и нејзиниот сопруг кој рекол дека верува оти неговата сопруга била „искористена“.
„Таа навистина беше само наместена и искористена“, изјави Дмитриј Рилов за независното руско издание The Insider.
Кога испрашувачите ја прашале дали разбира зошто ја фатиле безбедносните сили, Трепова одговорила дека тоа било „затоа што била на местото каде што бил убиен Татарски“.
Испитувачот потоа ја прашува Трепова што правела во кафулето. Таа одговара дека ја донела фигурата, но одбила да одговори кој и ја дал.
Според CNN, снимката е селективно објавена од руските власти и не е јасно дали таа зборувала под принуда. Активистите за човекови права и меѓународните набљудувачи тврдат дека руската полиција рутински користи тортура и малтретирање за да извлече признание, а руските безбедносни служби користат принуда за да регрутираат доушници од руските опозициски групи.