More

    Кејли Куоко откри кое име му го дала на девојчето

    spot_img

    Ѕвездата на „Бубалици“ (Big Bang Theory), Кејли Куоко, и нејзиниот партнер Том Пелфери го дочекаа своето прво заедничко дете, ќерката Матилда Кармин Ричи Пелфери. Куоко објави дека ја родила Матилда на 30 март 2023 година.

    „3-30-23“, започна таа во објавата. „Ви ја претставуваме Матилда Кармин Ричи Пелфри, новата светлина на нашите животи! Пресреќни сме и благодарни за ова мало чудо. Им благодариме на лекарите, медицинските сестри, семејството и пријателите кои неизмерно ни помогнаа во последните неколку дена. Ние сме неверојатно благословени. Том, не мислев дека можам повеќе да се заљубам во тебе, но се вљубив“, напиша таа.

     

    Куоко извесно време го криеше фактот дека има ново момче, но минатата година објави нивна заедничка фотографија на Инстаграм и се појави со Том на доделувањето на наградите Еми. Таа објави дека очекуваат бебе во средината на октомври. Кејли не сакаше да го крие полот на бебето како многу нејзини колешки, туку на јавноста и даде целосни информации. „Малечката Пелфри доаѓа во 2023 година, благословена нека е, те сакам Томи“, напиша таа на Инстаграм.

     

    Том е нејзината вистинска љубов по љубовните бродоломи. Имено, актерката пред Пелфри се мажела двапати – од 2013 до 2016 година била со тенисерот Рајан Свитинг, а со милијардерот Карл Кук се омажила во 2018 година, но нивниот брак траел само три години. Покрај тоа, на снимањето на „Бубалици“ таа се вљубила во својот колега Џони Галецки, со кој мина две години во врска. Тој беше нејзиното тивко страдање од почетокот, но чувствата ги признаа дури по 14 епизоди. Таа за магазинот Glamour изјави дека никогаш повеќе нема да се омажи.

    „Би сакала да имам долгорочна врска или партнерство. Но, никогаш повеќе нема да се омажам. Апсолутно никогаш. Тоа буквално може да го ставите на насловната страница“, рекла Куоко.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img