More

    Сана Марин загуби на парламентарните избори во Финска

    spot_img

    Лидерот на централно-десничарската финска партија Национална коалиција Петери Орпо вечерва прогласи победа на парламентарните избори во Финска, каде се очекува да ја наследи актуелната премиерка Сана Марин.

    „Тоа е голема победа. Ќе започнеме преговори за формирање влада“, изјави 53-годишниот Орпо.

    Набргу откако конзервативниот лидер прогласи победа, Марин ги призна изборните резултати, објавија Гардијан и Би-би-си.

    Според излезните анкети што ги објавија финските медиуми, неговата партија освоила 48 места во 200-члениот парламент.

    Следува екстремно десничарската Партија на Финците со 46 места и Социјалдемократската партија на премиерот Сана Марин со 43 места.

    Во Финска, партијата што ќе освои најмногу гласови ја добива функцијата премиер, под услов да може да формира коалиција.

    Изборите во Финска се одржаа само неколку дена пред официјалниот пристап на нордиската земја во НАТО алијансата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img