Маж и жена грабнале малолетничка

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Г.А., постапувајќи по пријава од вчера примена во 21 часот од страна на вработена во СОС Детско село на подрачјето на Гази Баба, според која тој и женско лице А.З. од кругот на установата земале малолетничка, лице со здравствени проблеми.

„По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје, во координација со јавен обвинител од ОЈО Скопје, Г.А. бил пронајден, приведен и задржан, додека за А.З. е распишан централен распис, а малолетничката е вратена во установата.

Известен е Центарот за социјални работи Радовиш и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информира МВР.

Share This Article