More

    Георгиевски вели дека Косово има повеќе оружје од нас

    spot_img

    ВМРО-Народна партија соопшти дека ја поддржува политиката на поддршка на Украина, но апелира дека се врши големо обезоружување на нашата држава.

    Република Северна Македонија заедно со своите НАТО партнери мора да води договорна политика за некаков баланс на оружјето во нашиот регион бидејќи несероизно е Косово да има поголема воена техника отколку Северна Македонија“, велат од партијата на Георгиевски.

    „Во последниве месеци повеќе пати слушаме дека Северна Македонија и подарува на Украина тенкови, авиони, хеликоптери и артилерија па сакаме да ја потестиме македонската јавност дека сто проценти од ова оружје е набвавено од Владата на господинот Георгиевски, која патем нема никаква допирна точка со денешното ВМРО-ДПМНЕ, дел како подарок од Бугарија, а другиот дел по многу евтина цена од Украина.
    Југословенската армија под конторола на Слободан Милошевиќ претходно изнесе од Република Македонија оружје во вредност од неколку милијарди долари со што го направи најголемиот грабеж во историјата на нашата држава.

    Исто така сакаме да нагласиме, кога сега читаме дека за осум хеликоптери ќе бидат потрошени над 200 милиони евра, потестуваме дека сите авиони и хеликоптери кои беа купени во тоа време не ја надминуваа цената од 20 милиони евра па и покрај сето тоа тогаш трпевме критика дека сме купиле старо оружје по многу скапа цена.

    ВМРО-Народна партија поддржувајќи ја политиката на поддршка на Украина исто така апелира дека ова е и едно големо обезоружување на нашата држава и дека Република Северна Македонија, се наведува во партиското соопштение.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img