Роберт Тодороски:јавно се извинувам на сите и до претседателот на партијата Христијан Мицкоски за недоличниот статус на социјалната мрежа што го објавив пред 12 часа

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во врска со наводите за издадена благодарница од страна на претседателот Стево Пендаровски на лицето Роберт Тодороски, претседател на РХО Здружени срца – Прилеп, таков документ не е врачен од страна на претседателот Пендаровски, или издаден од Кабинетот на претседателот, информираа утрово од неговиот Кабинет.

Роберт Тодороски од Прилеп, кој преку социјалните мрежи од профилот Роберт Типчето му се закануваше на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и синоќа објави наводна благодарница од шефот на државата, денеска по полноќ во статус на Фејсбук јавно му се извини на првиот човек на најголемата опозициска партија:

„Почитувани соограѓани и припадници на политичката партија на ВМРО-ДПМНЕ, јавно се извинувам на сите и до претседателот на партијата Христијан Мицкоски за недоличниот статус на социјалната мрежа што го објавив пред 12 часа. Тоа беше момент на промисленост и се извинувам длабоко и ве разбирам на поединци за револтот. Не сум направил никакво убиство досега во мојот живот ниту имам план да сторам таков ригорозен чин. Во момент на недоволно промисленост секој греши како човек, па и јас. Ве уверувам нема од тоа ништо. Како и секој млад тинејџер, јас во моментот не се наоѓам во Република Македонија и работам надвор од државата.

Уште еднаш јавно до целата нација на Република Македонија и до самиот претседател Христијан Мицкоски и до неговата фамилија лично се извинувам за немилиот настан, ја прифакам грешката која ја наметнав во овие 12 часа и се каам. Ви благодарам на сите од вас на разбирањето, нема простор за паника или слично“, пишува Роберт Типчето.

Share This Article