„Не знам како сум жива“, беа првите зборови на Аргентинката која се онесвести на метростаница во Буенос Аирес и падна под воз во движење, а целиот инцидент го снимија надзорните камери, па сите останати се прашува истото, навистина, како успеа да остане жива.
Жената, која медиумите ја идентификуваа само како Кандела, изгубила рамнотежа и паднала од платформата на метростаницата Индепендент во Буенос Аирес, Аргентина. Овој настан се случил пред една година, но видеото повторно стана вирално на социјалните мрежи.
На видеото се гледа како Кандела полека ја губи рамнотежата и земјата под нозете, се наведнува напред и се сопнува кон возот кој во тој момент со голема брзина се движел во станицата.
Сепак, несреќната жена паднала меѓу два вагона и завршила на шините, а присутните кои случајно се нашле на местото на настанот се плашеле од најлошото.
Неколку сведоци останале во шок, меѓу кои и двајца мажи кои на видеото се гледаат како ги креваат рацете над главите, пренесува „New York Post“.
Но, Кандела за чудо беше спасена жива од шините откако возот застана.
Додека патниците се туркаа наоколу, таа седеше, а потоа легна на платформата пред да биде одведена во амбулантно возило.
Кандела успеала да ја види снимката само откако и било кажано дека е надвор од животна опасност и била пуштена од болница во Буенос Аирес.
– Доживеав ненадеен пад на притисокот и се онесвестив. Се обидов да ја предупредам личноста пред мене, но не се сеќавам на ништо, ниту на моментот кога паднав под возот. Не знам како сум жива. Сè уште се обидувам да сфатам сѐ“, рече Кандела.
Сведок на инцидентот рече: „Оваа девојка се прероди. Тоа е чудо! Го чекавме возот и наеднаш таа падна на пругата. Неверојатно е тоа што се случи!“.