Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, обраќајќи им се на народот и на парламентот со порака, предложи да се прекинат воените дејствија во Украина и да се прогласи примирје, пишува Тасс.
Треба да застанеме сега, пред да започне ескалацијата. Ќе се обидам да ризикувам да предложам прекин на непријателствата … да прогласам примирје без право на движење, прегрупирање трупи од двете страни, без право на пренос на оружје , муниција и воена опрема -рече тој.
На ова стигна брз одговор од Москва.
Идејата на Лукашенко е прекин на огнот без ниту едната страна да има право да преместува и прегрупира трупи или право да преместува оружје и муниција, работна сила и опрема.
Но, истовремено, во говорот, Лукашенко истакна дека „доколку (тогаш) Западот уште еднаш се обиде да ја искористи паузата со замисла за зајакнување на своите позиции, Русија е должна да ја искористи сета моќ на воено-индустрискиот комплекс и армијата за да спречи ескалација на конфликт“.
Претходно, Москва и Минск се договорија руско тактичко нуклеарно оружје да биде распоредено во Белорусија, потег кој некои западни аналитичари го нарекоа „нуклеарно заплашување“, додека други алармираа за можната ескалација.