More

    Вработените во Македонски железници започнаа штрајк

    spot_img

    Вработените во Македонски железници-Транспорт одлучија да не работат сѐ додека не ги добијат февруарските плати, но и сѐ додека не добијат зголемување на платите, дознава Плусинфо од извори во раководството на МЖ-Транспорт.

    – Штрајкот започна точно во 13:15 минути. Сите возови се паркирани на железничките станици и оттаму нема да се помрднат сѐ додека не се исполнат барањата на вработените. Платите доцнат, а денеска требаше да ни биде исплатена втората половинка од месец февруари. Оти, ние не добиваме целосна плата месец за месец, туку добиваме половина плата. Сепак, денеска нѐ известија дека плата нема да има. Благајната е затворена, билети не се продаваат – ни изјавија од МЖ-Транспорт.

    Ова не е првпат вработените во МЖ-Транспорт да бидат принудени преку штрајк да си ги добијат платите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img