More

    Куман проговори за разделбата со Аргентинецот

    spot_img

    Поранешниот тренер на Барселона, Роналд Куман, призна денеска дека аргентинскиот фудбалер Лионел Меси на неславен начин го напуштил каталонскиот клуб во 2021 година, јавија денеска шпанските медиуми.

    Меси ја напушти Барселона поради тешката финансиска состојба во која се наоѓаше Барселона во 2021 година во период кога на клупата на каталонскиот клуб седеше холандскиот стратег Куман.

    – Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, ме излажа. Ми рече дека утре ќе биде потпишан нов договор со Меси, а Аргентинецот следниот ден замина од клубот. Тоа момче не заслужи да замине на таков начин. Многу работи беа против мене. Кога претседателот се сомнева во вас, тогаш тоа е проблем. Меѓутоа, кога би имал шанса да се вратам, би го направил тоа. Ја сакам Барселона – изјави Куман.

    Холандскиот тренер ја предводеше Барселона од август 2020 до ноември 2021 и на 67 натпревари забележа 39 победи, 12 нерешени и 16 порази.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img