Пилотот на Ферари, Шарл Леклер победи на првата трка во сезоната од Формула 1 шампионатот возена попладнево за Големата награда на Бахреин. Втор беше неговиот клупски партнер Карлос Саинц. Победничкиот подиум го комплетираше возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон.
Шампионот од сезоната 2021, Макс Верстапен беше на второто место на неколку круга до крајот, но беше принуден да се повлече поради проблеми со болидот. Во последниот круг моторот откажа и на неговиот тимски колега Серхио Перез па Ред Бул остана без бодови.
Вториот возач на Мерцедес, Џорџ Расел, заврши на четвртото место.
Во 48. круг, болидот на Пјер Гасли од Алфа Таури се запали па неколку круга тркачите возеа зад безбедносното возило.
Следната етапа од Ф-1 првенството ќе се одржи во Џеда. Големата награда на Саудиска Арабија ќе се вози од 25 до 27 март.