Русија ќе се соочи со дополнителни мерки од САД доколку употреби хемиско оружје при нападите врз Украина, предупреди денеска американската амбасадорка во Обединетите нации, Линда Томас-Гринфилд.
– Русите се тие кои употребувале хемиско оружје и ние сме загрижени дека би можеле да го употребат истото оружје и во Украина. Бевме јасни дека ако ескалираат на тоа ниво, агресивно ќе одговориме на она што го прават. Ги видовте досегашните последици од нашите акции против Русија и Путин и тие ги чувствуваат тие последици. И уште повеќе ќе ги почувствуваат доколу ја донесат таа несреќна одлука да употребат хемиско оружје – истакна Томас-Гринфилд за Си-Ен-Ен.
Претходно овој месец, американскиот претседател Џозеф Бајден, исто така, предупреди дека Русија ќе плати висока цена доколку употреби хемиско оружје во Украина.