More

    Пендаровски: Невкусно е во економска криза да се покачуваат платите од државниот Буџет, да се најде решение

    spot_img

    Претседателот на државата Стево Пендаровски во врска со одлуката на Уставниот суд со која се укинуваат одредби од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, ја повика Владата да се најде законско решение со кое ќе се регулира прашањето преку намалување на бодовите.

    – Сметам дека е невкусно во време на економска криза да се покачуваат платите кои се исплаќаат од државниот буџет – изјави претседателот Пендаровски.

    Со одлука на Уставниот суд на 21 март се укинати член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.97/2010) и член 1 од Законот за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“бр.139/2014).

    Како што информираа од Уставниот суд, со првата укината одредба е утврдено дека основицата за пресметување на плата на избраните и именуваните лица се применува од јануари 2012 година и е во износ од 25.726 денари, додека со втората укината одредба е предвидено дека платите на избраните лица во 2014 година може да се зголемат за 4 отсто започнувајќи со исплатата на платите во 2014 година.

    Уставниот суд смета дека во случајот, постои двојство во уредувањето на прашањето за основицата на платата на избраните и именуваните лица, што претставува неконзистентност во законското уредување на оваа материја. Судот утврди дека истовремено постојат две норми, односно две правни правила за утврдување на основицата на платата oпфатени во еден ист закон, односно едното е член 11 од Законот, според кое, основицата се определува според просечната плата остварена во претходната година што ја утврдува Државниот завод за статистика, а второто правило е оспорената одредба од член 4 во кој основицата е утврдена во фиксен износ од 25.726 и која со усогласувањето од 4 отсто (предвидено со второспорената одредба) изнесува 26.755,оо денари што е всушност основица која е моментално во сила односно примена.

    Поради наведеното, Судот оцени дека укинатите одредби не се во согласност со членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, согласно кој владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img