Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16 99/18 и 89/22), Општина Охрид, на ден 27.03.2023г. донесе
Одлука за спроведување на стратегиска оцена
- За планскиот документ Урбанистички план за село Лескоец, Општина Охрид, кој го донесува Општина Охрид е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина .
- Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ Урбанистички план за село Лескоец, Општина Охрид, се определуваат следните: Министерство за животната средина и просторно планирање и Општина Охрид
- За планскиот документ Урбанистички план за село Лескоец, Општина Охрид, кој плански документ го донесува Советот на Општина Охрид, донесувањето на овој плански документ ќе има влијание врз животната средина
- Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти:Влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на животната средина на планираниот опфат(вода, почва, управување со отпад, природното и културно/археолошко наследство и пејсаж).
- Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид на следната веб адреса:ohrid.gov.mk
- Против ова одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.