More

    Синот на Џафери, сопругите на Муцунски и на Абази ги зедоа дипломите

    spot_img

    Академијата за судии и јавни обвинители во големата сала во Врховниот суд свечено им ги додели дипломите на синовите, ќерките, сопругите на актуелни и поранешни политичари, судии и обвинители кои го положија завршниот испит и ќе станат дел од правосудниот систем.

    Дипломите ги зедоа и идните обвинители, синот на собранискиот спикер, Талат Џафери, Албулена Абази, сопругата на актуелниот раководител на Обвинителството за гонење на организиран криминал, Ислам Абази, сопругата на градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски која ќе стане судијка и уште над педесет слушатели на Академијата чии имиња се поврзуваа со лица од политиката и правосудството.

    Сепак медиумите не добија покана за свеченоста, со исклучок на државната агенција МИА. На медиумите кои случајно дознале за настанот, директорката на Академијата, Наташа Габер – Дамјановска им изјави дека процениле дека нема доволно место за сите медиуми, биле претплатени на МИА и агенцијата при известувањето ниту додавала, ниту одземала.

    Академијата за судии и јавни обвинители повторно докажува дека има исклучително важна улога и го зајакнува правосудниот систем со нови едуцирани, квалитетни правни практичари, кои доследно ќе ги применуваат фундаменталните човекови права, ќе ја почитуваат правната традиција на нашата држава и во своето професионално постапување ќе ги интегрираат начелата на владеењето на правото законитоста и правичноста.

    Ова денеска во Врховниот суд го истакна директорката на Академијата, Наташа Габер Дамјановска на свечената церемонија по повод доделувањето на 58 уверенија на седмата генерација завршени кандидати за судии и јавни обвинители во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

    На кандидатите таа им порача дека треба да му служат и да го штитат јавниот интерес и дека треба да се водат според правните принципи, а не според личната пристрасност или мислење.

    – Никогаш да не ги компромитирате општествените вредности или посветеноста кон правдата, дури и кога се соочувате со тешки одлуки или кога трпите притисок од надворешни сили. Истовремено, вашите одлуки имаат длабоко влијание врз човечките животи, па затоа е важно да им пристапувате човечки, со емпатија, непристрасност и да бидете фер. Ве охрабрувам да негувате моќна и ефикасна соработка со другите институции во судскиот и правниот систем. Почитувајте ги и оние кои се хиерархиски над вас, но и под вас. Соработката и комуникацијата се клучни за еден правосуден систем кој добро функционира, па градењето снажни релации со Вашите колеги може да ги олесни и да ги направи постапките поефикасни – истакна Габер Дамјановска.

    Директорката на Академијата ги потсети кандидатите дека нивната работа е особено значајна и дека може да биде и тешка од емотивен аспект.

    – Ќе работите со предмети кои ќе ги тестираат вашата издржливост и граници, и ќе бидете сведоци на болката и маките на другите луге. При остварувањето на вашите работни задачи, ве охрабрувам секогаш да мислите за важноста на емпатијата, сочувствувањето и понизноста. Законот може да биле апстрактен и комплексен, но по неговата бит, се однесува на луѓето и нивните животини искуства. Битно е да се слушнат нивните приказни, да се сватат нивните потреби и да се борите да им ја обезбедите правичноста која им доликува. Исто така, важно е да се грижите за себеси, физички и психички, за да бидете во состојба правилно да работите – порача Габер Дамјановска.

    Според неа, потрагата кон правда и правичност е процес кој бара постојано учење, себеизградување и соработка и им порача постојано да се трудат да ги збогатат своите знаења и да ги усовршуваат своите умешности.

    Јавениот обвинител Љубомир Јовески на кандидатите за судии и јавни обвинители им укажа дека тие се претставници на новата генерација на јавни обвинители и судии кои во себе го носат духот на овие реформи.

    – Јавното обвинителство во последен период се судри со многу проблеми, како во поглед на своите професионални и кадровски капацитети, па така на вашата генерација ќе и припадне честа да ги зајакнете капацитетите на јавното обвинителство и судовите. Сакам да ви укажам дека правото мора да биде достапно и почитувано од граѓаните, а институциите да обезбедат тоа да важи за сите подеднакво – истакна Јовески.

    Тој нагласи дека обвинителите своите должности треба да ги извршуваат без влијание од надвор, да се раководат исклучиво од јавниот интерес и да ја бараат вистината.

    Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми на кандидатите им порача непристрасно да го применуваат правото, да ги унапредуваат и почитуваат човековите права и да обезбедат сите луѓе да бидат во состојба да живеат во согласност со законот. Овие се основи, додаде таа, на секоја функционална демократија која се заснова на владеење на правото и заштита на човековите слободи и права.

    Потсетувајќи ги на нивните професионални обврски, претседателката на Судскиот совет Весна Дамева дополнително ги информираше кандидатите за судии и обвинители дека денеска на седница на Советот е донесена одлука за распишување на оглас за избор на судии од листата на кандидатите од Академијата, кој оглас треба да биде распишан до крајот на денот.

    Претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолески рече дека оваа генерација на кандидати за судии и јавни обвинители доаѓа токму сега кога има, како што рече, натрупани предмети и дека час поскоро новите обвинители ќе бидат вклучени во процесот. Тој информираше дека огласите за Советот за јавни обвинители се завршени и дека наскоро кандидатите ќе бидат повикани на интервјуа, а избраните обвинители веднаш ќе бидат распоредени по обвинителствата.

    Заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ, на свечената церемонија рече дека единствен начин граѓаните да имаат поголема доверба во нашите правосудни институции е истите да се приспособат кон меѓународните стандарди. Додаде дека тоа значи вложување во квалитетот и професионалната подготвеност на правосудниот кадар кој влегува во правосудниот систем.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img