More

    Бомбардирано училиште во Мариупол,истрелани Хиперонични проектили

    spot_img

    Русија истрела крстаречки и суперсонични ракети од Крим и Црното и Каспиското Море.Русија ја гаѓаше Украина со крстосувачки ракети од бродови во Црното и Каспиското Море и лансираше суперсонични ракети од воздушниот простор на Крим, објави во неделата руското Министерство за одбрана.

    10:13 Хуманитарната ситуација во опколените украински градови е влошена

    Хуманитарната ситуација се влоши во неделата во опколените украински градови, денови изложени на немилосрдни руски бомбардирања, додека Киев го повика сојузникот на Москва, Кина да го осуди руското варварство.

    Русија во неделата ги таргетираше крстарењата во Украина со крстосувачки ракети од бродови во Црното и Каспиското Море, објави новинската агенција Интерфакс, пренесе француската новинска агенција Афп.

    Оштетена една од најголемите челичарници во Европа

    Фабриката за челик Азовстал во Мариупол, една од најголемите во Европа, е тешко оштетена во бомбардирањето, соопштија денеска украинските пратеници.

    „Една од најголемите челичарници во Европа е уништена. Економските загуби за Украина се огромни“, изјави пратеничката Лесија Василенко, која на својот Твитер профил објави видео на кое се гледаат густи облаци чад што се издигнуваат од индустрискиот комплекс.

    9:27 Зеленски ја забрани работата на 11 проруски партии за време на вонредната состојба

    Украинскиот претседател најави ограничувања на активностите на 11 политички партии во земјата, вклучително и некои што тој ги обвинува за врски со руската држава.

    Во видео обраќањето објавено во текот на ноќта, претседателот Володимир Зеленски наведе неколку имиња, вклучително и Опозициската платформа – За живот, една од најголемите проруски партии со претставници во украинскиот парламент.

    9:21 Австралија воведе нови санкции кон Русија

    Австралија воведе нови економски санкции кон Русија како одговор на инвазијата на Украина, забрани извоз на алуминиум и боксит и вети дополнително оружје и хуманитарна помош за Украина, јавува Си-Ен-Ен.

    9:02 Бомбардирано училиште во Мариупол

    Руските сили бомбардираа локално уметничко училиште кое служеше како засолниште во Мариупол, објави градскиот совет на апликацијата Телеграм.

    Таму наводно се криеле околу 400 луѓе, а Советот соопштил дека зградата е уништена. Нема информации за жртви, но наводно има луѓе заробени под урнатините, јавува Си-Ен-Ен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img