Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави ограничувања на активностите на 11 политички партии во државата, од кои некои се обвинети за врски со Русија.
Во своето видео обраќање, Зеленски наведе неколку имиња на партии, меѓу кои и Опозициската платформа – За живот, една од најголемите проруски партии со претставници во украинскиот парламент, јави Би-Би-Си.
Други партии кои се соочуваат со ограничувања ќе ги вклучуваат Опозицискиот блок, Шариева партија, Наша, Левата опозиција, Сојузот на левите сили, Државата, Прогресивната социјалистичка партија на Украина и Социјалисти и „Блок на Владимир Салд“.
Како што беше најавено, украинското Министерство за правда веднаш ќе реагира за да се имплементира забраната, која според Зеленски ќе биде на сила се додека трае воената состојба.