Патничко возило „фолксфаген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот В.И. од Седларци, општина Василево, ноќеска удрило и усмртило мечка на автопатот Тетово-Скопје, во близина на Карпалак, информира МВР.
Настанот бил пријавен во СВР Тетово четириесетина минути по полноќ. Полициска екипа излегла на увид. Во несреќата возачот бил повреден и итно е пренесен во тетовската Клиничка болница, каде му е укажана лекарска помош, информира полицијата.