„Не ме прекинувај Мајкл, ќе ти ги ископам очите“, му се обрати руската новинарка Маргарита Симонјан на американски колега сред телевизиска дебата во Русија. Симонјан е позната и како „новинарката на Путин“ бидејќи е уредничка на познатата руска телевизија РусијаДенес(РТ).
На крајот од видеото, на 9:41 може да се види острото обраќање во дебата која инаку претходно мирно течеше.
Колегата на кого Симонјан му се обарати, е Мајкл Бом, американски новинар кој живее и работи во нејзината земја. Тој е чест гостин на дебатите.
Претходно, Симонјан зборуваше за своето искуство во Виетнам, велејќи дека САД и Русија индиректно војувале во оваа земја. Таа ја спореди сиромаштијата која останала од војната во Виетнам со сликите на Јероним Бош, со романите на Кафка, а Бом упадна во разговорот велејќи: „И американските војници страдаа од истото (во Виетнам)“, по што таа отсечно го прекина.
Видеото од дебатата на Твитер го сподели Џулија Дејвис, колумнистка на Дејли Бист, која често ја критикува Маргарита Симонјан и општо руското новинарство,објавувајќи вакви исечоци од емисии.
„Уште една нормална вечер на руската телевизија“, напиша Дејвис за видеото на Твитер.