Во судир на два автомобили во Тенеси загинаа шест лица, додека едно лице е пренесено во болница во критична состојба.
Шест жени, на возраст од една до 18 години, загинаа во фатална несреќа на Меѓудржавен 24 во Тенеси рано наутро во неделата.
Сите биле до превртеното возило од кое најверојатно од силината на ударот испаднале.
Уште една жена, за која се претпоставува дека исто така паднала од истиот автомобил, е во критична состојба, пишува Си-Ен-Ен.