Натпреварот Вардар-Еурофарм-Пелистер во Скопје е прекинат во 17-тата минута при резултат од 6-6, откако гостинските навивачи Чкембари при влегување во салата „Јане Сандански“ почнаа да фрлаат кон домашните навивачи на Комитите со пиротехнички средства и факели, на што тие возвратија со тоа што влегоа на теренот и фрлаа со шишиња и со тврди предмети.
Претходно, двете групи извадија провокативни транспаренти.
Натпреварот е во прекин, а двете екипи се повлекоа од теренот.