More

    Путин вели дека се работи за воено-техничка соработка

    spot_img

    Русија и Кина не воспоставуваат воен сојуз и не кријат ништо поврзано со својата воена соработка, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин во интервју за државната телевизија.

    Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг го потврдија своето пријателство и ветија дека ќе воспостават поблиски врски на самитот во Москва претходно оваа недела, додека Русија се обидува да напредува во, како што ја нарекува, „специјалната воена операција“ во Украина.

    – Не основаме никаков воен сојуз со Кина. Да, ние соработуваме на полето на воено-техничката интеракција. Не го криеме тоа. Сè е транспарентно, нема ништо тајно – додаде Путин.

    Рускиот претседател исто така рече дека западните сили се обидуваат да создадат повеќе глобални сојузи, обвинувајќи ги САД и НАТО дека почнале да градат нова „оска“ слична на сојузот од Втората светска војна меѓу Германија, Италија и Јапонија.

    – Затоа западните аналитичари зборуваат за фактот дека Западот почнува да гради нова оска слична на онаа што во 1930-тите ја создадоа фашистичките режими на Германија и Италија и милитаристичка Јапонија – оцени Путин.

    Додека се шпекулира за можни нови воени сојузи на Исток и на Запад, британското Министерство за одбрана денеска соопшти дека има информации дека Иран испратил дополнително количество беспилотни летала  Шахид во Русија, кои ги користи за напад на Украина. Месецов руските сили лансирале најмалку 71 летало врз цели во Украина, а нападите се обновени по двонеделна пауза, се вели во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img