Најмалку 6 лица се повредени и повеќе авт0мобили се оштетени, во застрашувачки инцидент на аеродромот во Келн-Бон во Германија, јавуваат светските медиуми.
Маж на возраст од 57 години влетал со изнајмен автомобил на паркингот на аеродоромот и удрил во неколку пешаци и автомобили, соопшти полицијата.
Портпаролот на полицијата изјавил дека постојат индиции дека мажот има психички проблеми. Тој пружал отпор при апсењето и бил одведен во психијатриска болница.