More

    Путин потпиша нов закон за затворски казни

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се предвидуваат тешки затворски казни за секој што ќе повика на акција против руската безбедност.

    Според новите одредби објавени денеска, јавните повици на поединци да дејствуваат против безбедноста на земјата сега ќе се казнуваат со затвор од две до четири години. Казната може да се зголеми на пет години доколку повикот е упатен преку медиумите и на седум години ако е организирана група.

    Рускиот претседател потпиша и текст за заострување на ограничувањата за поединци и организации означени како „странски агенц ии“, што се користи за да се потиснат критиките насочени против Кремљ.

    Друга мерка предвидува казна затвор до 20 години за секој руски државјанин кој учествува во конфликт во странска земја што е против руските интереси.

    Путин потпиша и текст за парична казна, но и затворска казна до седум години за секој кој е запознаен со државните тајни и ја напушта земјата без претходно одобрение.

    Овие документи се дел од групата закони кои Парламентот ги прифати во последните недели, а за да стапат на сила потребен им е само потписот на претседателот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img