Ако телото произведува зголемено количество на урична киселина, или ако бубрезите не ја елиминираат правилно од телото, тогаш може да дојде до нејзина кристализација, што пак предизвикува болна состојба.
Гихтот често се нарекува најстарата болест на светот – постоењето на оваа форма на артритис е забележано уште во времето на древниот Египет, пишува Zaftetna.hr.
Тоа е всушност воспаление на зглобовите придружено со напади на силна болка, црвенило и оток предизвикани од таложење на уринарни кристали.
Уричната киселина се произведува за време на разградувањето на пурините, а најчесто се излачува од телото преку урината. Меѓутоа, ако телото произведува зголемено количество на урична киселина или ако бубрезите не ја елиминираат правилно од телото, тогаш може да дојде до нејзина кристализација. Добиените остри кристали се таложат во зглобовите, најчесто во стапалата, односно пределот на палецот и предизвикуваат силна болка.
Денес постојат лекови кои ја лекуваат оваа непријатна состојба, а за оние кои се повеќе наклонети кон природни алтернативи, ви носиме рецепт за пијалок од четири состојки со кој успешно ќе се борите против гихт. Целерот и ѓумбирот ги ублажуваат воспалителните процеси, додека краставицата ќе се справи со кристалите.
Напивка против гихт
Состојки
1. Грст стебленца целер (зелениот дел помеѓу корените и листовите)
2. Парче свеж ѓумбир (од 2 до 3 см во големина)
3. Половина свежа краставица со средна големина
4. Сок од половина лимон по желба
Подготовка:
Целерот, ѓумбирот и краставиците ситно исечкајте ги, ставете ги во блендер и убаво измешајте. На крај додадете го сокот од половина лимон. Напитокот испијте го веднаш бидејќи најдобро е кога е свеж.
Плус совет: сегашните и поранешните пушачи мора да го пробаат пијалокот од 3 билни моќници за чистење на белите дробови, а доколку сте расположени за брза детоксикација на телото и истовремено сакате да ослабете, погледнете го рецептот за 2 пијалоци кои исфрлаат калории и го забрзуваат варењето.